политички (прид.) - круг (имн.)

„Што се однесува до впечатокот што тие вести го предизвикаа врз тукашните политички кругови, тој е грозен - пишува Иван Гешов, бугарски претставник во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во телеграмата на К. Фотиќ до Божидар Пуриќ во однос на реакцијата во американските политички кругови по повод говорот на Черчил се вели: „Во добро известените кругови овде (Вашингтон, б.м.) се смета дека говорот на Черчил не само што не ја зајакна положбата на Тито и партизаните на теренот туку пред сојузниците покажа дека исклучителната поддршка на партизаните од страна на Англиската влада е заснована на нереална ситуација на теренот, туку како дел на англиската империјална политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Вашингтон, вопшто е констатирано со чудење и нелагодност во разговорите со официјални лица и во печатот дека во говорот се наведени факти за состојбата на герилата во Југославија кои не одговараат на тукашните известувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што вистината за настаните во Македонија во американскиот печат полека си го пробивала своето место, односно може да се каже - задоцнетата вистина за носителите на отпорот, американскиот политички естаблишмет, по смртта на Рузвелт, влегол во сферата на "реалната политика" и застанал во одбрана на интересите на западната демократија во Грција и во Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)