политички (прид.) - значење (имн.)

Што и да е напишано на ливчето, мора да има некое политичко значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа е добра појдовна точка за истражување која им дава живот на теоретските дебати.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Токму од оваа опозиција делото го извлекува најголемото политичко значење.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На патувањето на германскиот император му се придава политичко значење, меѓу другото и за македонските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истражувањето нѐ потсетува дека сеприсутната реторика на ’глобализацијата’ и нејзиното навидум непостоење на граници често служи да се затскрие постоењето, како и политичкото значење, на границите во современите геополитички конфигурации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)