политички (прид.) - дејност (имн.)

Но философијата не е, како што за жал марксистичката традиција нѐ учеше да веруваме, извор на орудија заради пробивачка политичка дејност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За ангажман овде се смета политичката дејност, изнесување на своето мислење за овие или оние политички проблеми, то ест наметнато мислење за наметнати проблеми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)