политички (прид.) - дебата (имн.)

Јавниот простор е простор каде поединците ги гледаат и се видени од другите додека се занимаваат со јавните работи и затоа е неопходен предуслов за „јавна слобода“ (Хана Арент).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
92 Појавувајќи се во 18 век во Британија, Франција и Германија, и првично однесувајќи се на дискусии за литературни дела, овие форуми бргу се развиле во институции за политичка дебата и учество во политичкиот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како арена на политичка дебата и учество, јавната сфера е фундаментална за демократското владеење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
91 Базирајќи се врз сознанијата од широк спектар на дисциплини, вклучувајќи ја историјата, економијата, социјалната теорија и филозофијата, 90 Види Seyla Benhabib, “Models of Public Space: Hannah Arendt, the Liberal Tradition, and Jürgen Habermas” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 73. 91 Првично конципирана како постдокторска дисертација, „Структурната трансформација на јавната сфера“ била одбиена од Адорно и Хоркхајмер, доведувајќи до тоа Хабермас да го напушти Франкфуртскиот Институт за социјални истражувања. 81 во „Структурната трансформација на јавната сфера“ Хабермас студиозно го исцртува развојот на јавната сфера од нејзиниот репрезентативен карактер во феудализмот до различните форми на нејзино постоење во буржоаското општество и последователната структурна промена на јавната сфера во доцната модерност предизвикана од заедничкото влијание на државниот капитализам, зголемената улога на големите претпријатија во јавниот живот и моќта на културните индустрии.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Прикаската можеби е проста, како и самата коза достојна да се најде во париските книжевни салони, да стаса на дебата во Сенатот на Франција, во политичките дебати за Балканот, во времето на југословенската катаклизма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)