политички (прид.) - врв (имн.)

Во тие свои калкулации, политичкиот врв на Велика Британија се обидел, ако може, да ги инволвира и Советите во намерата да се формира балкански блок, па дури биле подготвени тој блок да биде под патронат на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но таа идеја на Британците секако била задоцнета, имајќи предвид дека СССР, во август 1939 година, потпишал договор со нацистичка Германија за меѓусебна соработка, и заедно ја поделиле Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разбираа и најчесто другите, особено тие од политичкиот врв на партијата, не ги разбираа и се обидуваа да посеат раздор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од тие причини, тие сметале дека е потребно да се стави јасно и категорично на знаење дека идејата за формирање југословенско-бугарска федерација тие "не можат да ја сметаат како алтернатива" за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)