политички (прид.) - активност (имн.)

Меѓутоа, за делот на Македонија во рамките на Грција, Јосип Смодлака во интервјуто изнел оцени кои можеби претставувале бреме од неговата политичка активност пред војната, не можејќи да го сфати духот на она што се случувало во делот на Македонија под Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквата активност придонела за поголема мобилизација на населението во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Исто така ќе нагласи дека надвор од партизанското движење, не постои друга политичка активност во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според него, "Грчка Македонија, природно, ѝ припаѓа на Грција и е дел од Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При крајот на 1943 на слободната територија на Македонија членовите на КПМ и организациите: Народноослободителниот фронт, Антифашистичкиот фронт на жените и НОМСМ развиле голема политичка активност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)