поинаков (прид.) - начин (имн.)

Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не се работи за описи на градовите туку за симболички печат на урбофилијата којшто во современата книжевност непогрешиво се чувствува во непрегледната низа на големи писатели - кај Џојс, Пруст, Музил, Кафка, Бели, Симон, Ман, Вирџинија Вулф, Брох, Рилке, Дарел, Борхес, Калвино, Фаулс, Еко, Криста Волф, Буцати, Пинчон... (На поинаков начин урбофилијата ја обележа и мислата за книжевноста - на Адорно, Блох, Сартр, Башлар, Барт, Дерида, Фуко, Лакан, Лиотар, Бодријар, Слотердајк...) Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет на Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или, искажано на поинаков начин, ако прифатиме дека изразува некои одредени гледишта (оние кои јас ги резимирав), тој изразува нешто што, доколку е во право, не може да се изрази.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проблемот е сличен на оној во кој се најде Кратил во истоимениот Платонов дијалог.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како тогаш ние треба да го разбереме она што тој го вели доколку како такво не постои ништо што тој вели?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откриените сиџили требаше, на еден поинаков начин, да го потврдат ова верување...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа го правеше на поинаков начин.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од друга страна, креативната личност ќе има богато и содржајно доживување, коешто може да ја поттикне подоцна да обработува нови теми на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Притоа сегашното и поранешното признание нема да си противречат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, истово ова би го рекол и сега, само со други зборови и на поинаков начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислите и желбите им наликувале на врзани садови веројатно вградени во нивните сетила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Велат постоеле поединци кај кои ваквите неусогласености се регулирале на поинаков начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали се советувавте себеси на поинаков начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Или повеќе им се допаѓа веќе усвоениот начин на меѓусебно однесување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали некој друг дал свој придонес? • Што мислевте тогаш?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога се определија за поинаков начин на меѓусебно однесување, ги прашав што мислат за тоа да останат заедно на овој начин, и што би било позитивно во оваа промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Очите на Еразмо првпат го гледаа животот, на поинаков начин од дотогаш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Заробен во тие стеги од детскиот сликовен свет, тој созрева, бавно осознавајќи ги појавите на поинаков начин од оној што веќе му бил познат: разбирајќи ги на свој сопствен начин, но секогаш поаѓајќи од еден агол, од неговиот агол.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имаше многу нешто што треба да се види на поинаков начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„А јас тоа го гледам на сосема поинаков начин,“ рече Сара, и се сврте кон децата кои си играа во дворот на детската градинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да се носи со месеци нов живот под срцето, а потоа да се донесе тој нов живот на овој свет, да се гледа како тој живот доаѓа, ужаснат, ужаснат од излегувањето од утробата и судирот со она што не може да му биде ни непознато, бидејќи за непознато уште не знае, а познатото само го чувствува, да гледам и чувствувам колку сум му потребна на тој нов живот, колку му е потребна храната која истекува од моите гради, да набљудувам како искуството се таложи во неговите очи, и да ги видам првата надеж и првото разочарување на тој нов живот, да гледам како тој живот се осамостојува, како веќе не сум му неопходна, да видам како тој живот кој произлегол од мојот живот ме напушта и самиот тргнува кон создавање на нов живот, ете тоа за мене е родителството.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тројца сега пак помислија на своите пушки на рамената, само на еден сосема поинаков начин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И веднаш, откако го почувствува тоа, тој пак ги побара и - за чудо - ги пронајде, но сега веќе на еден сосема поинаков начин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поуката која од ова можеме да ја извлечеме е дека за политиката за спречување на наркоманијата може да се размислува и на поинаков начин, поконструктивно, така што би се спроведувала паралелно со борбата против причините за наркоманија. Расправата за легализација е погрешна бидејќи го одвраќа вниманието од ваквиот пристап.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од слични причини побарувачката на јаки дроги не е доволно голема за да привлекува голем број на трговци со дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заради старост, диоптрија или недостиг на вистински непријател во војна, се одмаздуваа врз сопствените потомци и врз оние кои, во истата земја, на поинакви начини војуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Станот на Парсонсови беше поголем од Винстоновиот и беше запуштен на еден поинаков начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што било и каде е она што го покрила водата? Тоа живее, само на поинаков начин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко на поинаков начин ја замислуваше оваа стратегија, но, во основата, таа не се разликуваше од Мајкината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа и се плашев од она што може да дојде. Се плашев, помислив, дека во блиска иднина, објаснувањата ќе треба да ги стокмам на поинаков начин.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И секоја од нив влијае на поинаков начин да ја почувствуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и станува сосема видливо дека сепак на Пелагија попожелен ѝ бил оној Козак што ја очекувал на здоговореното место одошто родената ќерка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И вистински жалам дека сето она што се случило не се збиднало на некој поинаков начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жилберт&Џорџ: Сметаме дека естетичкото движење тврди едно а прави друго.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Луѓето на Запад гледаат дека имаме изложба во Кина, потоа повторно им се навраќаат на нашите дела на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„The Casual Passer-By I Met at 3.01 pm, Philadelphia, April 9, 2007.“ Slought Foundation Online Content. [11 October 2007; Accessed 15 May 2008]. < http:// slought.org/content/11365/ >.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ним почнуваат да им растат постепено цицињата, им се појавуваат првите влакна под мишките, се нафрлаат со мозолчиња по лицето и по телото и почнуваат да се интересираат за момчиња малку повеќе и на поинаков начин одошто кога биле мали девојчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Луѓето таму размислуваат на сосема поинаков начин од нас и не бараат за сè објаснување. Едноставно веруваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сите ми се другарки од Музичката академија, ама само една ми се допаѓа на поинаков начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но знаеш колку е тешко некому со кој си многу години добар другар да му признаеш дека го сакаш?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)