познат (прид.) - светски (прид.)

Не штедеше пари за науката, изнакупува многу книги по интерна медицина од познати светски професори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Затоа, пред да дојдеме до неа, еве, ние ќе се вратиме малку наназад, во времето кога на големиот глобус, познатиот светски патник првпат ја забележал некаква празнинка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
YALE и другите факултети во САД имаат традиција на свечениот чин да присуствуваат познати светски личности.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)