познат (прид.) - париски (прид.)

Откако се поздравија, Сотир Паскали, веднаш мина на главното: Почитуван професор Камилски, утре е с подготвено за Вашата операција на очите во познатата париска клиника Вал де Грас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По малку пристигна и очекуваниот познат париски астрофизичар д-р Сотир Паскали од Париската опсерваторија со кого претходно Камилски беше во преписка во врска со неговиот престој во Париз и посебно за закажувањето на операцијата на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе Ве оперира конзилиум од познати париски офталмолози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е огромна црква а вниманието ми ги привлече концертното изведување на „Миса Солемнис“ од Ф. Лист од хорот и оркестарот на Републиканската гарда, со кој диригираше познатиот париски диригент Жак Гримберг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бев на една концертна претстава во која пееше познатиот париски шансониер на протестни песни Мишел Сарду.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа вечер мисата се служеше со специјално концертно изведување, и тоа со познати париски оперски пеачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)