познат (прид.) - македонски (прид.)

На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да ѝ ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Една од најпознатите драми на Коле Чашуле е Црнила и во неа станува збор за убиството на познатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, дедо на Коле Чашуле.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во моментот, кога ми беше соорштена веста од Фајар, во нашата куќа ни беа на гости македонскиот писател Димитар Башевски со сопругата Љурка (ќерка на познатиот македонски правник и прекрасен човек, академикот Александар Христов, татков пријател).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)