познат (прид.) - пат (имн.)

Додека со брзата кола итавме по познатиот пат кон градот крај реката, се соземав од неколкудневната несони­ца, се напрегав со силите кои ми се враќаа да препознаам не­кој облик од пејзажот кој добро го познавав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И Суљо-ага тргна по познатиот пат Штавица, но место да ја преоѓа Црна на Чебренскиот Мост, каде што беше разбиена првата чета, кадијата го упати на другиот мост – на Светецот за да премине полесно, претполагајќи дека Чебренскиот ќе биде поседнат од бунтовниците, кои ќе се надеваат на други напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)