позлатен (прид.) - рамка (имн.)

Една фотографија ќе задржам за мене за да ме потсетува таа прекрасна жена на миговите што ги поминав тука, а кога ќе се вратам во Детроит, фотографијата ќе ја врамам во позлатена рамка за да ме потсетува на тој ангел од македонската земја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги става очилата со тенка позлатена рамка и посебно се задржува на два кратки новински портрета, едниот проследен со цртеж на нејзиниот млад лик и другиот со нејзина поскорешна фотографија на која позира, благо насмевната, со флејтата во рацете; две содржини што ги чува како посебно значајни во албумот, кој инаку, постојано стои во салонот, како декор за масата, но и како тивка покана за посетителите на овој салон да ги свртат неговите страници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Над телевизорот, во малечки позлатени рамки беа наредени сликите на Александар и Мартин.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)