позитивен (прид.) - резултат (имн.)

Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Токму поради своите позитивни резултати во превладувањето на меѓучовечките, социјални, идеолошки, расни и политички недоразбирања, мејл-артот денес веројатно е едно од најзначајните уметнички движења во светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Востанието не го донесе делењето на Македонија: тоа е позитивниот резултат од него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се рече дека строгите мерки доведуваа до позитивни резултати, со текот на времето количеството на вакви момчиња, главно, се намалуваше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се знае дека е гол, сите знаат, што има да се збори”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)