подрачен (прид.) - единица (имн.)

Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, таа, во мај 2002, иницира посебна управна постапка за признавање право од инвалидско осигурување пред ФПИОМ, поточно пред Стручната 140 служба на Фондот – ПЕ Велес.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги изработуваат - за секоја општина - подрачните единици на Републичката санитарна инспекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Процедурата е олеснета во делот на утврдувањето на комплетноста и уредноста на докумен- тацијата за инвалидност, која, наместо Комисијата за утврдување на комплетност и уредност на документацијата, од 2007 година ја утврдува лекар во подрачната единица на Стручната служба на Фондот (чл. 32, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)