поделен (прид.) - меѓу (предл.)

Првин, неговото внимание е поделено меѓу Луков и писмото, со читањето писмото сѐ повеќе го обзема неговото внимание.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Набљудувачот е пасивен и немоќен затоа што „неговата желба е скината, поделена меѓу фасцинацијата од уживањето и одвратноста кон него“. 9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нив објектот во потполност е изложен на погледот, а останува недопирлив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вудринг му се врати на стрипот нешто подоцна, со Tantalazing Stories, црно-бела серија на (еден вид) детски приказни, поделена меѓу неговите сопствени стрипови и оние на неговиот пријател Марк Мартин. (Во 106 okno.mk еден број, тие ги разменија местата и си ги цртаа карактерите еден на друг.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)