подготвен (прид.) - баклава (имн.)

Откако ја вкусија и пофалија мајсторски подготвената баклава, Камилски се најде повикан да се доискаже за потеклото на баклавата: Постојат тврдења дека баклавата прв пат се појавила во Централна Азија, според други во античка Грција, а според трети во Сирија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на византиската епоха најмногу се шират рецептите за подготвување на баклавата, посебно таа со 33 кори, поврзани со 33 години од животот на Христос!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следеше слаткиот дел на ручекот, раскошно подготвената баклава на госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Среде трпезата се најде тепсијата со баклавата со златесто жолтеникави кори како мало сонце.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)