поголем (прид.) - страв (имн.)

„Во лудилото љубов може да се јави само кон измислена, измечтаена личност; љубовта кон вистинска личност, а тоа значи вистинска и реална љубов, е неможна, затоа што да се љуби другиот за лудиот значи да се биде ист со другиот, а да се биде ист со другиот значи да се изгуби самиот себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- прошепоти некој и тоа внесе уште поголем страв кај трагачите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И тогаш уште поголем страв ме фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се колнам, никогаш поголем страв не бев осетил во животот одошто тој ден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Зарем тоа не е она најстрашното,“ рече Клара, „бидејќи она Јас кое едвај трепери, најболно посакува да биде сакано; нешто во оној чие Јас е растргнато знае, дури и кога не сака да признае, дека само љубовта може да го сочува неговото Јас, а стравот од љубовта е секогаш посилен од оваа свесност, и го турка сознанието во заборав, или го победува со уште поголем страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)