погоден (прид.) - момент (имн.)

За извршување на набележаните задачи биле ангажирани: 41. дивизија требало да ја нападне и разурне комуникацијата Прилеп-Велес и во погоден момент да го заземе Прилеп:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нашите стари на времето, новина го нарекуваа погодниот момент, одбирајќи кога ке се случуваат убавите работи, венчавки, крштевки, па го избираа времето: токму тогаш кога месечината влегува во НОВИНА – прва млада месечина, чиста, пречиста, чист почеток за нечштото, кое ако тогаш ке започне – ке има благост и берикет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Реши, бараше прво погоден момент, место, но и зборови како побезболно да го изведе тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бараше Светлана само погоден момент кога да го начека и смилостиви Никодина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислеше дека тоа е погодниот момент за да го растопи и последното парче мраз што Никодин го носеше во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме погледна право в очи, сакајќи нешто значајно да ми каже во текот на патувањето, но не наоѓал погоден момент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во следните денови чувствував како да сака Вера нешто да ми каже, но, како да не наоѓа за тоа погоден момент.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој чека погоден момент да се ослободи и да стане меинстрим во државната политика.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Живеел аскетски, а единствена смисла на своето живеење наоѓал во борбата за ослободување на Македонија и за тоа бил готов да го даде својот живот секој погоден момент.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Листовите на фикусот поставен на балконот трепереа и од најслабо ветре, а сенките што играа на прозорецот секогаш личеа на човек, лош човек кој демне и чека погоден момент да ме грабне.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)