повисок (прид.) - ниво (имн.)

Активноста на синдикатот и на синдикалниот претставник не може да се ограничува со акт на работодавачот, ако таа е во согласност со закон и со колективен договор (чл. 186, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатите на повисоко ниво ги уживаат сите права и слободи загарантирани за синдикатот и имаат право слободно да се здружуваат и соработуваат со меѓународните организации основани поради остварување на нивните права и интереси (чл. 187, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатите можат да основаат свои сојузи или други облици на здружување во кои нивните интереси се поврзуваат на повисоко ниво [„синдикати на повисоко ниво“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за споредба, во 1976 директорите во Западниот свет земаа плати за 36 пати поголеми од платата на просечниот работник, додека во 1993 просечните директорски плати беа дури 131 пат поголеми од платите на просечните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Потоа, се пронаогаш себе си, се идентификуваш на повисоко ниво, со групата на која мислиш дека припаѓаш.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, идентитетот мора да се воспостави на многу повисоко ниво, зашто човекот не е роден да живее сам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со тоа односите меѓу ВШ и британските воени мисии биле поставени на официјално повисоко ниво.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тоа односите меѓу ВШ и британските воени мисии биле поставени на офоцијално повисоко ниво.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Култот што неговите дворски шутови и поданици го гаеја беше на повисоко ниво и од обожувачите на телето во Египет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секогаш стравуваше од споменувањето на името во повисоките нивоа на власта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одговорност на синдикатот, здруженијата на синдикатите и работодавачите Од гледна точка на асоцијациите на работниците и работодавачите и нивните здруженија на повисоко ниво дојде до две измени и тоа: ● целосно беше избришан чл. 266-г, кој даваше можност за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки и да ги отстрани последиците од прекршокот (чл. 43 од ЗИДЗРО/септ.10); ● незначително беше намалена глобата за овие категории правни лица од дотогашните 1.200 ЕУР на износ од 1.000 до 1.200 ЕУР (чл. 17 од ЗИДЗРО/јан.12), со што ако се има во предвид намалувањето на казните за работодавачите (43%-54%), ваквите промени делуваат тривијално и несоодветно. 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вештините на повисоко ниво израснуваат од интеракцијата на овие микро-модули, иако ниту еден од нив поединечно не ги поседува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе кликнете на глувчето, програмата оди на следното, повисоко ниво, коешто јас го нарекувам “медицински поглед”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разбирањето на убавината, како и откривањето на Каменот на мудроста, само се прашања на еден повисок ниво на свеста. Duchamp нè повикува да ја стекнеме таа свест, свртувајќи го нашиот ум и нашите очи кон убавината што нè опкружува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И понатаму, онаа вештина на претворањето на нижите метали во злато, може да се спореди со Duchamp-овото претворање на секојдневните предмети во уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секое повисоко ниво нив ги загрозува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  со првиот се предвидуваше дека синдикатите и здруженијата на работодавачи на повисоко ниво, регистрирани пред денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да се пререгистрираат во МТСП, во согласност со овој Закон, во рок од три месеци од денот на негово влегување во сила (чл. 45, ЗИДЗРО/окт.09);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што може да се забележи, со колективните договори на пониско ниво – на ниво на работодавец, можат да се утврдат помали права само во однос на колективните договори на повисоко ниво – на гранските договори!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар на РМ; а сојуз на синдикати, односно здружение на работодавачите на повисоко ниво, стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар – по претходен упис во регистарот на синдикати, односно регистарот на здруженија 30.  Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), се допрецизираа некои прашања поврзани со содржината на статутите на овие асоцијации (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09). 47 на работодавачи, кој го води МТСП (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според ЗШ (1991), како овластени организатори на штрајк можеа да се јават и мнозинството работници кои не се синдикално организирани, додека, пак, по ново, легитимитетот да повикуваат на штрајк го имаат само синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво т.е. сојузите (чл. 236, ЗРО/05), што се коси и со нашиот Устав 37 – бидејќи, во него, правото на штрајк и правото на синдикално организирање се постулирани во два одделни члена, односно како две 35.  Закон за штрајкот; Сл. лист на СФРЈ, 23/91. 36.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во доцните шеесетти, на елитата одговорна за „контрола на популацијата” стана јасно дека финансиски веќе не се исплати да ги ставаат луѓето во тнр. „дупки” и таму да ги класифицираат во фиоки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дали денес третманот на ментално вознемирените е на повисоко ниво отколку што беше порано? Сегашната ситуација е покомплицирана од онаа од пред дваесет, триесет години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така, другите патници, меѓу нив и девојките од Институтот, жената Монолог и мажот Ехо и бебето (а каде се другите), сега насмеано и тивко во прегратката на мајка му, продолжија кон повисоките нивоа на аеродромската зграда, а јас бев принуден да ѝ се придружам на интернационалната нешенгеноидна група во чекалницата веднаш до влезот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, затоа не можев да погрешам од каде се двете девојки, полово одделени на чекор едни од други.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таков извештај ќе биде на повисоко ниво одошто лични согледувања.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Овие повисоки нивоа на интерпретативност се нарекуваат „виртуелни” системи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Следува дека, на повисоките нивоа на апстракција, најфундаменталните „категории” на значење (пр. простор, време, единство) мора да бидат a priori (т.е. независни од искуството), и така нивните функции мораат да бидат суштински епистемолошки (т.е. тие ја одредуваат формата и структурата на сите објекти на човечкото искуство).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Интерпретираните структури на повисоките нивоа не мора да бидат воопшто како листи на инструкции.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога извесни формални симболни системи (на пр. компјутерските програми) се имплементирани како динамички физички симболни системи (на пр., кога тие се стартуваат на компјутер) нивната активност може да се интерпретира на повисоки нивоа (пр., бинарниот код може да се интерпретира како LISP, LISP кодот може да се интерпретира како англиски јазик, а англискиот може да се интерпретира како разговор со смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)