платонски (прид.) - љубов (имн.)

Така филмската уметничка пракса се претвара во религиозна соборност а филмското уметничко дело произведено во таа соборност - игра, инкарнација на чиста платонска љубов помеѓу протагонистите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога го читаше Бајрон почна да накривува, после Бодлер ја обои косата во зелено, а средбата со загадочните Франц толку го потресе, што веднаш на Вера својата платонска љубов од женската гимназија, отпочна да ѝ пишува долги писма, насловени со „Милена“!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ПЛОТ - Плотин му одговорил на Платон: „Кога ќе ме плесне похота (плотта бара!) рипам плот, одам на плоштад, уверавам по плочници, ја наоѓам госпожа Топла, „може ли за две-три плочки?“, „може“, океј, плотун испалувам и чао.“ Тогаш Платон ја повлекол теоријата за платонска љубов.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ПОЕТОТ И СИРЕНИТЕ (средба со Х. М. Енценсбергер) специјално за “Маргина”, по повод неодамнешното гостување на Енцесбергер во Белград, со многу проникнувачки хумор, извештај праќа првиот постмодернистички герилец (“у глави, у глави, виртуелно стваран”) на Балканот: Обрад Савиќ Неодамнешната средба и разговорот со угледниот германски поет и писател, Ханс Магнус Енценсбергер помина во духот на славната изрека на Селан - ‘поезијата не се наложува, таа се изложува’ (poezija se ne nameće, ona se eksponira’ - ‘la poesie ne s’impose pas, ele s’expose’ - “die Poesie zwinght sich nicht auf, sie setzt sich aus”). .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)