платнен (прид.) - стол (имн.)

Таа седеше на платнениот стол, лижеше сладолед и читаше книга. Постоја така гледајќи ја.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Една недела пред да згасне, татко ми, во платнениот стол, сокриена во куќниот мантил, дебелиот шал и ќебето, ја замолува пријателката од младоста да му го прочита мојот штотуку објавен расказ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)