пластичен (прид.) - материја (имн.)

Нашите погледи бавно шетаат по тажните изрази на светците, некои насилно оттргнати од фреските и иконите, принудени на незамислива функција, потоа тука е симната Богородица од олтарот – за да се покаже дека е направена од пластична материја, односно дека нема ништо вечно во неа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но црнецот е мирен, црнецот не е жив, црнецот е од пластична материја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој не е од пластична материја, тој е жив и полн со живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)