планински (прид.) - срт (имн.)

- тој со очи покажа на планинските сртови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму горе, мајко - Циљка со очи покажа на планинските сртови - таму нема собување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На планинските сртови лежела наталожена матна и пак видлива пена во која месечината си го измивала киклопското око.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Има паднал на Турците в раце без отпор , отсутен и со свртени очи кон планинскиот срт .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Косо издолжените сенки на дрвјата се распливнаа, во далечина планинскиот срт порасна. Потоа почна да потемнува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И се упати наугоре накај планинските сртови, небаре некаква несетена сила ја повикува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Темни и заканувачки облаци се појавуваа зад планинските сртови, ама никако да ја поклопат скопската котлина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во шумата полека се пластеше темница. Косо издолжените сенки на дрвјата се распливнаа, во далечина планинскиот срт порасна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Спуштајќи се по планинските сртови, правеше прекрасен огромен водопад.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Луѓето на Балканот, притеснети од границите до голема болка, бараа семожни начини да ги избегнат трагајќи по споредни патишта од кои некои водеа до планински сртови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа гранична линија никогаш не успевавме вистински да ја видиме, еднаш беше под водата во Езерото, друг пат на планинските сртови, па во позлатените житни полиња, помеѓу двата брега на реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)