планински (прид.) - процеп (имн.)

Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гледаше Висар и кон планинскиот процеп каде што завршуваше езерото и каде, како што му расправаше баба му, во старо време имало бесмртна вода.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)