пешадиски (прид.) - полк (имн.)

Митре, пак, го преброди Крф, излежа еден тифус и се приброја кон IV чета од 21 пешадиски полк на Југословенската дивизија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сум III чета, I баталјон 2 2 пешадиски полк, Вардарска дивизија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, како што прилега, водството од 3:0 беше, всушност, раѓањето на син ми Горјан кој на теренот истрча две години по мојата женачка и по отслужувањето на редовниот рок во ЈНА (први гардиски пешадиски полк, Белград, остав, не е гардиски, а вам ви паднала честа да бидете први до Врховниот командант Маршалот на Југославија Јосип Броз Тито).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)