печен (прид.) - пиперка (имн.)

Камилски, восхитен од глетката, сакаше повторно да ѝ бакне рака на Мајка воодушевен од посланото разновидно мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Што мирише овако, прашува Јоле, печени пиперки, велам јас, не мирише овако паприка, вели Јоле, може е клечитурај, велам, или може некој се преобува, од кое кафе да сварам, вели Велика, од најцрното, ѝ се одѕивам, камо да е така, ми враќа таа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Партизанска во јуни липите се на екстази, на нив некролог за прогонетиот мирис на печени пиперки.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се наручаа со друго стомне тазе вода, се избањаа под тремот, тетка Фора им наполни едни злопци печени пиперки и друго сирење.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да ми гу пулиш дејтту! извикуваше Чана сè уште голтајќи леб и печена пиперка, заминуваше на работа во бавчите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)