печатен (прид.) - страница (имн.)

Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Колку што циркулацијата ја истиснува печатената страница, и колку што повеќе нашите комуникации нѐ вклучуваат во процесите поврзани во мрежи (што е сѐ поприсутно), толку нашата перцепција на историја неизбежно ќе се измени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)