печалбарски (прид.) - живот (имн.)

Запеа некој приглувнато и зареди - тага; никогаш недоискажана тага на печалбарскиот живот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очекува дека во оволкава метропола ќе си ги пронајде неговите места каде што успешно би се сокрил од притисоците што ги носи печалбарскиот живот. Ама, не е баш така.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Печалбарскиот живот го почна со тајфата на Аргира, неговиот вујко.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Примиле мали заработувачки а некако им здодела печалбарскиот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поточно романите Ова е мојата татковина, Мојот американски аџилак и Орелот и штркот, меѓу другото, претставуваат и автобиографско мемоарска трилогија што го опфаќа животот на авторот од раното детство во селото Кономлади, неговото иселување во Америка, печалбарскиот живот во оваа земја, па сè до неговото реализирање како новинар.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)