петгодишен (прид.) - план (имн.)

Ко река се точи кола по кола, со тапани, со свирки се откупва жито, во солнце свети предната парола: „В Петгодишен план нас не води Тито!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И благодарение на Лениновата линија и Сталиновата реализација, во периодот помеѓу 1928 и 1932 година, односно во времето на Првиот петгодишен план, производството на електрична енергија беше зголемено за пет пати, како резултат на експлоатацијата на хидроелектричните ресурси...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Х.Х. нè уверува дека смислата на овој музеј, особено за странските посетители, е во тоа да се покаже дека има кадри и сево што е прикажано може да биде произведувано и во серии, за широка потрошувачка, но само малку треба да се почека, можеби во некој нов петгодишен план.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)