пензиониран (прид.) - лице (имн.)

Додека за лицата кои претходно работеле во претпријатието и за пензионираните лица од тоа претпријатие условот да купат акции под повластени услови 153 остана ист, односно да биле во работен однос најмалку две години во тоа претпријатие, со ЗТПОК тој услов се воведе и за работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)