педантен (прид.) - човек (имн.)

Карер го затвори гравираниот капак со иницијалите на дедо му, кои впрочем беа и негови иницијали, го врати на место стариот сребрен часовник и одново фрли поглед кон морската шир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер беше педантен човек што држи до точноста, и без оглед што отсекогаш живеел на остров, навиката постојано да се одредува во времето, со годините му стануваше уште поприсутна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)