педагошки (прид.) - наука (имн.)

Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не можеше да доживее целосна рехабилитација, односно да му ја вратат универзитетската професура и местото шеф на Катедрата за педагошки науки при Филозофскиот факултет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас имав три чисти среде славната Сорбона да ја кажам, поткрепена со научни аргументи, вистината за советската социјалистичка педагошка школа, и да ме прифатат за доктор на науки, а овде ми ја одзедоа универзитетската катедра за педагошки науки, ме тупнаа во свирепиот затвор со обвинение дека сум бил информбировец, пропагандист!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгата, објавена од еден од издавачите крај Универзитетот Сорбона, беше пишувана во младоста на Камилски, служејќи се со сознанијата на западната педагошка наука и дијалектичкиот материјализам што произлегуваше од Октомвриската советска пролетерска револуција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)