партиски (прид.) - организација (имн.)

По окупацијата на Грција условите за отпор биле посебно погодни во делот на Македонија322 под Грција меѓутоа поради слабите партиски организации отпорот имал ограничени размери.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа Македонците можеле да формираат посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации во Воденско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 20 јуни Foce 399 во својата радиограма до мисијата Conserve барала информација дали единиците на НОВ и ПО на Македонија во нивната област имале контакт со “движењето на Отечествениот фронт или со бугарска партиска организација“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со новинарство и тоа професионално се занимава уште од есента во 1944 година, не сметајќи ги дните од оганизирањето и соработката на „Народен билтен“, орган на велешката партиска организација во 1941 и 1942 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа им било дадено правото на Македонците да создаваат и посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во делот на Македонија под Грција отпорот се манифестирал во Драмскиот округ со Драмското востание, во кое учествувале заедно Македонци и Грци, чиј организатор бил Окружниот комитет на КПГ за Драмско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но поради недостиг на јаки партиски организации, отпорот имал само ограничени размери.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
12. Во организационото тело на КОЕМ што требаше да работи на формирање партиски организации по окрузи, бевме избрани: Апостол Макаровски, Оливера Поточка и јас, а за секретар се прифати Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имено, токму како кадровски референт доживеа партиската организација на установата каде што работеше да се изјасни за Инфорбирото, и покрај тоа што нему пена му фати устата убедувајќи ги во спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стигна жалба дури и од партиската организација на Театарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)