партиски (прид.) - комитет (имн.)

Беше изненаден од присуството и на градоначалникот, и на секретарот на градскиот партиски комитет и на директорот на градскиот архив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога мина повеќе време од настанот, Самир Мустафа, без некој личен повод, меѓу две партии покер, му раскажа на Татко: - Случајот сакаше да се најдам во кабинетот на Водачот кога, по телефон, му се јави секретарот на битолскиот партиски комитет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На чело на колоната беше едно момче од реонскиот партиски комитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна, во партискиот комитет, врз основа на конфузните доставки, се обидуваа да го состават мозаикот на потребната вистина па на крајот немоќни да дојат до посаканото лесно обвинение, немоќни, извикуваа: Кој е сега овој господин Сеген со козле?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Х.Х. пред да замине, имаше само толку време, колку да ме претстави, сигурно планирано, на О.О. од градскиот партиски комитет, задолжен за култура.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)