палестински (прид.) - мајка (имн.)

Со тивок, пријателски глас, пригушен од невидливите солзи ми рече: - Оваа кутија е изработена од палестинските мајки со симболот на нашата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малку потстана, зеде една убава четириаголна кутија од сите страни побисерена, а во средината со испакнатата слика на џамијата во Источен Ерусалим, со по два бисерни цвета од левата и десната страна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можев да ги најдам вистинските зборови на мојот одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да им се заблагодарам на палестинските мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немав достојни последни зборови кои можев да му ги упатам на Арафат при крајот на мојата дипломатска мисија како прв амбасадор во малата држава Палестина во Тунис, но повеќе тоа можеше да биде лично ветување: - Почитуван Претседателе Арафат, драг пријателе, ја изразувам бескрајната благодарност на мојата Мајка до палестинските Мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дојдете во источен Ерусалим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поканата ви е со сребро навезена на кутијата од палестинските мајки!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)