паднат (прид.) - во (предл.)

јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Профимица веќе беше падната во несвест и никако не се освестуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Панично загрижен за судбината на тие луѓе паднати во рацете на безочниот никаквец, сакам да го кренам својот хуманитарен глас, ама гледај чудо...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тука, во оваа ливада, Србите имаа подигнато, од бел мермер, спомен костурница во слава на своите војници паднати во бојот на Алинци со Турците во 1912 година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)