паднат (прид.) - империја (имн.)

Тој го доживеа падот на Австро-Унгарската и на Отоманската империја, провлекувајќи го низ нив своето откорнатичко семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А оваа тврдина беше токму таков споменик на паднатите империи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој чудесен град, вистински крстопат на империи и цивилизации, народи и вери, град кој силно страдал во минатото, извишуван врз урнатините од паднатите империи, катастрофалните земјотреси, кој ги имаше задржано обележјата на западните и на источните царства, во кој престојувале императори и султани, се вкрстиле војски во светски судири, му се виде достоен за да започне во него да си ја ткае семејната судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)