очаен (прид.) - надеж (имн.)

Во него живеете додека живеете потем воскреснувате: сите мориња се ваши ваше е бегството, очајната надеж дека секогаш има поубав свет - оној што го немате, изгубениот и времето дури е ваше кругот е перфидно совршен освен ако не се најде човек да ви постави ѕверска спрепка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека во Минхен едновремено групата „Синиот јавач” (Der Blaue Reiter) со Кандински, Франц Марк, Аугуст Маке, Пол Кле, Јавленски и Верефкинов развиваше една романтички вдахновена, теориски поткрепена уметност насочена кон хармонија на боите Маргина 36 81 и отворајќи го патот за апстракцијата, северногерманските експресионисти, пред сé оние во Берлин, останувале поцврсто врзани за стварноста со нејзините дисонанци, луѓе, таги, борби и очајни надежи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)