отсутен (прид.) - и (сврз.)

Кога бев со него пред телевизорот, забележував дека е сосема отсутен и дека, всушност, неговиот поглед од зад мене вкосо лежи на моето рамо и на мојот профил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ташко ништо не се жалеше - значи беше здрав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се вртев накај Влатко, Дејко и Љупчо, со поглед ги запрашував, ама сите креваа раменици.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)