отпуштен (прид.) - и (сврз.)

Имаше премрзнати прсти, кои тешко го додржуваа она, што ќе го дофатеа, и остануваа секогаш отпуштени и бессилни за да се вкопаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку се сепна од него, но сепак го пушти да излегува, продолжувајќи да останува онака отпуштен и дури после, откако замолкна, беше свесен дека она беше само уште еден вик во Белата Долина, сличен на сите оние завивања надвор, сеедно што беше тоа негов глас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)