отомански (прид.) - период (имн.)

Моето внимание беше најмногу насочено кон отоманскиот период.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во еден момент, тој дури и рече: - Верските преобраќања на Балканот, колку и да му се припишуваат фаталистички на неизбежниот трагичен, источен грев, особено во долговековниот отомански период, не можат да се ослободат од инструментализациите на власта, на државата, којашто била далеку од помислата да се оддалечува од религијата, како што ќе се случи тоа во Европа, уште по Француската револуција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но имаше и учени, умни и чесни историчари кои, во откриените сиџили, за прв пат гледаа отворен хоризонт на овој дел од Балканот за автентично и за реално соочување со долговечната историја на отоманскиот период, врз јасни, конкретни документи, запишани од самиот живот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)