отомански (прид.) - запис (имн.)

Но, трагаше и по старите отомански записи, кои требаше конечно да го вкоренат со семејството на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го сметаше Татка за драгоцен човек на старите отомански записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тешко можеше да најде зборови со кои би го следел другарот Чапаев кој продолжи: - Јас, почитуван колега, ја разбирам вашата потрага по старите отомански записи кои не можеле да стигнат до цариградските централни архиви, поради нивното локално значење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ја забележа Мајка, замолча за миг, но, верувајќи дека и нејзе ќе ѝ биде блиска пораката, тој гласно продолжи: - Еве, донесов за преведување стари отомански записи за лековитите билки на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Другарот Чапаев беше видливо расположен што настаните во однос на Татковата потрага по старите отомански записи започнаа да се одвиваат според нивната заедничка желба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Самир Мустафа, откако ги прими првите карти, продолжи: - Во еден битолски вакаф откриле неколку сандаци со стари отомански записи, дефтери...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој најмногу за тоа му се доверуваше на директорот на Институтот за нацинална историја Андреј Георгиев, каде, одвреме навреме, преведуваше стари отомански записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)