отмен (прид.) - јазик (имн.)

Додека модернистичката архитектура настојува да дејствува еманципаторски, а во Интернационалниот стил сепак станува всушност афирмативна и униформна - отмениот јазик на стаклото и челикот им одговараше на оделата со риги по шефовските катови; покрај тоа, ваквата архитектура (подбивајќи се со стварниот функционализам), секаде по светот, без оглед на намената, создаде потполно исти градби - постмодернистичката архитектура настојува да биде комуникативна и повеќекратна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)