ослободителен (прид.) - движење (имн.)

Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Судејќи им на гемиџиите, желбата на властите била да му судат на едно цело ослободително движење, на еден цел народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Историјата на балканските ослободителни движења учи дека балканските народи (Срби, Грци, Бугари) успеале да се ослободат од османската власт во време на големи политички превирања во Европа во кои учествувала и Турција и со помош на големите сили, особено на Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преземените мерки на Британската влада да изнајде компромисно решение биле тема на која ѝ ги посветиле своите коментари неколку американски новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
" Крајот од апелот Луис Адамиќ ќе го заклучи со зборовите: "Ако ние, народот на оваа земја, чувствуваме како што треба да чувствуваме, духовна и политичка сродност и поврзаност со иднината, која сега се кова во Европа и која особено е јасна во Југославија, тогаш ние, Вие и јас, треба да направиме сè што можеме за да ја наведеме нашата Влада да ги признае политичките тежнеења на партизанското ослободително движење".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во историјата на ослободителните движења во светот ретко ќе се сретнат меѓу успешните водачи на револуциите во нивните личности и успешни градители на државите по ослободувањето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во таа позиција остануваше до крај доследен, дури и по цена на разидување со Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Абу Лотф (Фарук Кадуми) беше антипод на Абу Амар (Јасер Арафат) во однос на владеењето со палестинското ослободително движење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко ќе се сретне во поновата историја на народите револуционер со долгогодишен стаж, револуција со подолго траење од палестинската.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)