осветлен (прид.) - излог (имн.)

Се одвоивме полека од осветлениот излог и појдовме по дупчестиот тротоар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Куќите беа наредени на стрмната падина од ридот и прилегаа на голем осветлен излог.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зад нив, во осветлениот излог, блескаа телевизори, машини за перење, бојлери, дури и електрична гитара – избран предел за мамливи приказни, преполни со прижелкувани успеси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше очигледно дека сите жители од Аванос се големи грнчари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)