осамен (прид.) - срце (имн.)

Госпоѓа Мариела удри со тупаница на масата за да ги смири осамените срца, но тие и натаму продолжија гласно да зборуваат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вам, на сегашниот степен од развојот како осамени срца, многу нешта можат да ви бидат нејасни, но ќе дојде ден кога ќе го разберете ова што ви го кажувам денеска, кога ќе сфатите дека јас сум била во право. За тоа никогаш не е доцна.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме Волнаровски пред две години пријателски ме замоли да ѝ обезбедам просторија во Прифатниот центар за да може да изведува настава за членовите на Машкото друштво “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа младо курвиче разви свој центар. Се врза со Нигеријците, брзо се вклопи во студиото на Ема, соработуваше со Машкото друштво „Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Осамените срца низ градот можеа да се сретнат во групи од пет до седум луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој на Азра ѝ се претстави како менаџер на Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Возбудливата лекција го продолжи предвидениот термин за предавање и осамените срца дури пред стемнување влегоа во двата автобуса (користеа организиран превоз од “Вакса-турс”) и тргнаа од Прифатниот центар надолу, кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа човекот од овој свет секогаш на оној свет се испраќа замижан,” им кажуваше госпоѓа Мариела на осамените срца кои сега ја слушаа со големо внимание.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Пссссст…”, просскаа осамените срца, секој со прстот на носот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овој термин беше резервиран за заинтересираните од Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Покрај тоа, Азра соработуваше со Машкото друштво “Осамени срца” и со ресторанот „Кај Таки“, а во сета таа игра главен актер беше Андон Клековски. Тој ја водеше, ја заштитуваше и ја дупеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не, мили мои осамени срца, срца златни, срценца невини, тие точки се невидливи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Госпоѓа Мариела се обиде да им помогне со зборовите: “Мили мои, осамени срца, кутри душички, немојте да се плашите од реалноста.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, мили мои осамени срца, срца златни, срценца невини, кругот мора да има точка – иницијација, и точка - цел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше договорено, право на прашање или реплика да има само Тихомир кој секогаш на предавањата седеше во првата клупа, на крајот, од десната страна, во редицата во која беа сместени осамените срца од педесет до шеесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Госпоѓа Мариела беше изолирана од сите со кои се дружеше и соработуваше Ема, освен соработката, како волонтер, со Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Машко друштво “Осамени срца” со седиште на улица “Бојан Мурџев” 26, Припор, број на членови: променлив, возраст: од 50 до 80 години, организационо - според идеите и целите - хомогенизиран состав, но внатре структурно дејствува во три секции реско изделени според возраста (од 50 до 60 години, од 60 до 70 години и од 70 до 80 години).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тихомир се обиде да ја смири ситуацијата: „Пссссст… “, процеди низ ситните заби Тихо, ставајќи го показалецот на носот, „Пссссст…!“ „Пссссст…“ просскаа осамените срца, секој со прстот на носот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого кодоши,” шепна некој од последните клупи во средната редица, во која беа сместени осамените срца на возраст од шеесет до седумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Машкото друштво „Осамени срца“ од службите за безбедност беше заведено под шифрата „Друштво со ограничена одговорност“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Госпоѓа Мариела ја затвори папката, погледна во возбудените лица на осамените срца, направи пауза од неколку мига, и рече: „Ве слушнав и можам со сигурност да ви речам, вие сте во право.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Госпоѓа Мариела веќе две години волонтираше во Друштвото „Осамени срца”, работејќи на докторската теза „Ресоцијализација на осамениот човек во наши услови”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Тоа не е можно,” свикаа осамените срца како во еден глас, „тоа не е можно никаде и никогаш, не е можно ниту кај нас и во наши услови!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Можно е, можно, драги мои осамени срца,” им се обрати госпоѓа Мариела на подзинатите усти пред неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого ебава,“ шепна некој од средните клупи во редицата на левата страна во предавалната, во која беа сместени осамените срца на возраст од седумдесет до осумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Збунети, со црвени образи, осамените срца се погледнуваа меѓу себе, секој со своја комбинација во сменувањето на буквите со конкретни имиња.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)