осамен (прид.) - збор (имн.)

Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тркалото почнува да пее, забавено да игра: - На почеток беше збор, само мал, изгубен збор и како секој осамен збор и тој си бараше одговор.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)