општествен (прид.) - субјект (имн.)

Во конкретниов случај тој страв го нашол својот израз во, како што и самиот збор вели, стравопочитта спрема институцијата професор, како инстанца на авторитет, кон која студентите се однесуваат исто онолку недискутабилно како што, како општествени субјекти, се однесуваат и кон другите општествени и политички институции.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Прашањето, кој е тој општествен субјект кој треба да ја финансира уметноста, едно е од идеолошките прашања на различните економски системи - на едната страна го имаме социјализмот и нему сличните кадешто општествениот стандард има примарно значење и е висок, а на другата е либерално капиталистичкиот во којшто единствено важен е приватниот стандард.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неспособноста на тие млади луѓе како студенти јавно да го артикулираат проблемот што го имаат со својот професор е израз на нивната немоќ како општествени субјекти активно да учествуваат во конституирањето на јавноста како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Феминистичката мисла е „една теорија во развој за општествениот субјект од женски пол или во жена воплотениот општествен субјект, чија конституција и чиј начин на општествена и субјективна егзистенција најочигледно го вклучуваат полот и родот, но исто така и расата, класата и кои и да било други значајни социокултурни поделби и репрезентации; една теорија во развој за општествениот субјект отелотворен во жената кој е заснован врз неговата специфична, забрзана, конфликтна историја.“ (де Лауретис). okno.mk | Margina #1 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)