општествен (прид.) - семиотика (имн.)

Може да изгледа дека си го ограничувам концепцискиот модел на површни појави, на етикети или знаци или категории или идеологии, избегнувајќи ги длабоките, внатрешни процеси преку кои се формира и се ориентира поединечниот субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да заличи на заблудено, во секој приод кон машкиот геј-субјективитет, ако се пренебрегнуваат психичките фактори и ако се става преголема нагласка на општествената семиотика, на кодовите на полот и на родот, ако се третираат како определителни за премрежињата на машкото геј-формирање на субјектот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е јасно што настапува прво, дали истополовата желба или родовата дисонантност, а не треба ни да се претпоставува дека првото или второто е извор или потекло на другото. ‌Еднакво немудро би било машките геј-културни практики да се оградуваат од секаква вплетеност во родовата обратност, во родовата девијантност или во родовата нетипичност – како што се обидуваат да прават некои критичари, кои им пристапуваат со постоунволско сфаќање на машката хомосексуалност како чисто сексуален и мажествен идентитет.366 Повеќето машки геј-културни практики, најпосле, од обожавањето диви до внатрешното украсување, излегуваат силно интонирани со женствени значења и нема потреба да се заматува тој факт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако настрано дете можеби нема да си ги преведува еротските чувства во сексуална активност пред да порасне и пред да излезе од плакарот, што понекогаш може да потраe и многу години, тоа не значи дека тоа не доживува еротска привлечност кога сѐ уште е дете – вклучително и еротска привлечност од хомосексуален вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа единствена, трансверзална општествена состојба на мажите кои посакуваат мажи води до обродување на машкиот геј-субјективитет кое е особено и несведливо на обродувањето на ниедна друга субјектна положба. ‌Така, машкиот геј-субјективитет не може да се асимилира ниту во субјективитетот на хетеросексуалните жени, како што би укажале некои теории за третиот пол, ниту во субјективитетот на стрејт-мажите, како што би сакале некои застапници на геј-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа сложеност не е ништо друго освен последица – неизбежна, иако, се разбира, не тотална или сеопределителна – на општествената семиотика на родот и на сексуалноста во еден хетеронормативен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се како стрејт-мажите по тоа што посакуваат мажи и не посакуваат жени; исто, за разлика од стрејт-мажите, тие се асимилираат во женствена родова улога поради насоченоста на нивната еротска желба, дури и ако таа желба се изразува на сексуално агресивен начин. ‌Геј-мажите не се како стрејт-жените по тоа што се мажи, но како нив се по тоа што кон машкиот пол заземаат однос на посакување и што делумно врз таа основа се сметаат за немажествени. ‌Машки субјект на истополова желба, затоа, се обродува на сложени и честопати противречни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)