општествен (прид.) - поредок (имн.)

Тој беше... готов да се нафрли и да се бори со најголем ентузијазам против се: предрасуди, закони, општествени поредоци, дури ако би било можно сам да се бори против природните стихии...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Насекаде околу нас постојат уште само кукли на власта, но махиналната илузија на власта уште управува со општествениот поредок, зад која расте отсутниот, нечитлив ужас на контролата, ужасот на некој конечен код, чии што микроскопски терминали сме сите ние.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)